Зошто не треба никогаш да си легнете со мокра коса?

2 јули, 20160
9

Сигурно многупати вашите мајки и баби ви кажале да не излегувате со мокра коса, ниту пак да заспивате. Колку и да сметате дека знаете подобро од нив и дека нивните совети се напорни, можеби сепак би требало да ги послушате. Ако легнете со мокра коса, освен што ќе се разбудите со лоша фризура, може да се соочите со бројни здравствени проблеми.

Главоболка

За појавата на главоболка постои сосема логично и стручно објаснување. Додека спиете вашата телесна температура се прилагодува на температурата на просторијата и повторно се зголемува во РЕМ фазата. Ако вашата коса е мокра, на некој начин ја лади главата па температурата на главата не може да се прилагоди на телесната температура. Токму затоа настануваат главоболките. Освен тоа, благодарение на спиењето со мокра коса може да се разбудите и со воспаление на синусите.

Инфекции

Пот, природна маснотија на кожата, мртви клетки и уште бројни други нечистотии се идеален дом за габи и бактерии. Уште ако косата ви е влажна, создавате идеални услови за развој на разни инфекции.

Пукање на врвовите

Мократа коса сама по себе е многу почувствителна и склона на пукање. При спиењето ќе ја триете од перница и поради тоа ќе имате неуредни и оштетени врвови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi