Која е најпопуларната боја на автомобилите во 2016 година?

20 јануари, 20170
2

Ако ја погледнеме статистиката за новите автомобили продадени минатата година, резултатите не се неочекувани. Повторно сите останати бои ги победи – популарната бела боја.

Иако за некои купувачи бојата на автомобилот не е воопшто важна, за некои тоа е една од најважните работи кога се купува нов автомобил.

Белата боја повторно ги победи конкурентите, а во врвот покрај неа се и уште една монохроматска боја – црната, како и сивата боја.

Компанијата Axalta објави податоци според кои дури 37 проценти од купените нови автомобили се со бела боја што е за два проценти повеќе од претходната година. Најголемите обожаватели на белата боја се купувачите од кина. Таму дури 57 проценти од сите купени автомобили биле бели. Слично е и на африканскиот континент, каде што поради високите температури, многу луѓе се одлучуваат за автомобил со бела боја.

Втора на листата е црната боја, а дури 18 проценти од автомобилите купени минатата година биле со таа боја. Зад нив следува сивата со 11 проценти од продадените автомобили. Од вистинските бои, најпопуларни се црвената и сината нијанса, а голема популарност имаат и автомобилите со сребрена боја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi