Чоколаден мус

6 февруари, 20170
12

За 6 лица потребно е:

  • 350гр. Чоколада за готвење
  • 60гр путер
  • 4 јајца
  • 1 лажица коњак
  • Украси за декорација

Подготовка:

Во чинија го кршите чоколадото на коцки и чинијата ја додавате врз пареа. Чоколадото треба да се истопи само од себе без да го мешате. Одвојте ги жолчките од белките. Штом се стопи чоколадото почнете да додавате една по една жолчка и мешајте.

Добро изматете ја секоја жолчка без да ја тргате чинијата од пареата.

На крајот додадете го путерот, тргнете ја чинијата од пареата. Добро измешајте, додадете го коњакот и повторно добро измешајте.

Белките изматете ги во цврст снег и една лажица од снегот додадете во чоколадниот крем.

Измешајте, а потоа додадете ја целата содржина од белките. Смесата треба да стане совршено хомогена.

Добиениот мус префрлете го во чаши и оставете го во фрижидер да се лади барем 4 часа.

Не посредно пред сервирањето украсете го со исецкани бадеми, фстаци, рендано чоколадо, чоколадни или разнобојни зрнца и уживајте во вкусот!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *