Пештерски човек: Хрват живее во карпа и нема намера да го смени својот живот

20 јануари, 20170
10

Во близина на Зеница, Жарко Хргиќ (60) седмата зима ја дочека во пештера кај Бабина река, која претходно била складиште на каменолом.

Порано овој човек имал нормален живот со семејството, а сега ги има само кучињата кои му прават друштво и за кои се грижи.

Од сопругата се развел пред 30 години, а има и син со кој не е во контакт. Својот стан во Зеница го изгубил по војната и затоа ден денес живее вака.

Раскажува дека на овој начин сакал да се оддалечи од луѓето.

– Ова место го најдов пред 30-тина години. Кога живеев во град кај ова место поминував и одев на капење. Во зима е подобро да се биде во пештера, отколку во есен или пролет. Единствен проблем ми задава водата во пештерата. Внатре е топло. Каменот е специфичен затоа што во зима е топол, а во лето ладен – раскажува Хргиќ.

Луѓето во околината редовно му помагаат. Хргиќ вели дека сака да живее сам, затоа што со луѓето често има несогласувања и проблеми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *