Сериски убијци кои никогаш не се фатени – топ 10

12 јануари, 20170
4

Според дефиницијата, секој што ќе убие тројца или повеќе луѓе во период пократок од 30 дена се смета за сериски убиец. Проучувањето на начинот на делување на извршителот на тешки кривични дела е неодминлива фаза на истрагите, но и покрај тоа, некои од нив никогаш не се изведени пред лицето на правдата.

  1. Збирачот на коски

На 2 февруари 2009 година во пустината Албукерки (Ново Мексико, САД), се пронајдени човечки остатоци. Со детална полициска истрага утврдено е дека тука се закопани телата на 11 жени, за кои се смета дека се бавеле со проституција. Убиецот никогаш не е фатен, а се верува дека убиствата ги извршил за време на одржување на годишните саеми.

  1. Кливлендскиот убиец

Дванаесет луѓе се  убиени помеѓу 1935 и 1938 година, вклучувајќи го и детективот на кливлендската полиција Питер Мерило. Воглавно се работело за бездомници, од кои само двајца се идентификувани, а причината за смрт во повеќето случаи била декапитација (обезглавување). Иако во тоа време полицијата ја предводел легендарниот Елиот Нес, инаку водач на Нескршливите, група заслужна за апсењето и осудување на Ал Капоне, убиецот од Кливленд никогаш не е откриен.

  1. Убиецот од Тексаркана, познат како Фантомскиот убиец

Во пролетта на 1946 година, во Тексаркана, град во американската сојузна држава Тексас, непознат сериски убиец, кој секогаш носел маска и ги напаѓал жртвите навечер, убил пет луѓе. Случајот послужил како инспирација за филмот The Town That Dreaded Sundown во 1976 година.

  1. Зодијак, еден од најозогласените убијци на сите времиња

Зодијакот е сериски убиец кој делувал на крајот на 60-те години од минатиот век, во северна Калифорнија. Тој си го дал името сам на себе во низа шифрирани писма кои ги пратил на печатот, а неговиот идентитет и останал непознат на јавноста. Случајот и понатаму се води како отворен.

  1. Чудовиштето од Фиренца

Во Фиренца, голем град во централна Италија, непознат извршител, од 1968 до 1985 година убил 16 луѓе. Никогаш не е фатен и изведен пред правдата, а англиската писателка Магдален Наб, за неговите злодела, во 1996 година го напишала романот Чудовиштето од Фиренца.

  1. Бела Киш

Бела Киш бил еден од најбруталните сериски убијци на сите времиња. Убил најмалку 24 жени, во времето на Првата светска војна, а нивните тела биле пронајдени во метални буриња, конзервирани во алкохол. Киш никогаш не бил уапсен, иако детективот Хенри Освалд бил сигурен дека го видел на Тајмс Сквер во Њу Јорк во 1932 година.

  1. Адолфо Констанцо

Адолфо Констанцо бил американски сериски убиец, дилер на дрога и водач на култ. Убил околу 25 луѓе во стравични магиски ритуали, а кога во 1989 година полицијата дошла во конфликт со него, тој наредил на еден од своите членови да го убие, за да не плати за своите злодела.

  1. Алфабетниот убиец

Во раните 70-ти години на претходниот век во Рочестер, три девојки се силувани и задавени. На сите им било заедничко тоа што името и презимето им почнувале со истата буква (пр. Кармен Колон, Ванда Валкович и Мишел Маенза), а главниот осомничен за нивните убиства во 2007 година постхумно бил прогласен за невин, благодарејќи на ДНК тестови.

  1. Џон од Библијата

Џон од Библијата е надимакот на серискиот убиец кој убил три жени кои ги запознал меѓу 1968 и 1969 година во танцова сала во Глазгов, Шкотска. Никогаш не е уапсен, а се претпоставувало дека убиствата ги извршил Питер Тобин, што никогаш не е докажано, па случајот останал нерешен.

  1. Убиецот на слугинки

Серискиот убиец, кој во текот на 1884 и 1885 година во Остин, Тексас убил осум жени кои работеле како слугинки, никогаш не е изведен пред лицето на правдата. Судејќи по статија објавена во New York Times на 26 декември 1885, тогаш биле уапсени 400 луѓе, но монструмот кој ги убил слугинките, за жал, останал на слобода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *