Хороскоп: Каква жена стои пред вас?

24 јануари, 20170
7

Жена Овен

Концентрирани главно на себе, жените во знакот овен флертуваат директно, бестрашно и секогаш подготвени за предизвик. Имаат детски шарм и потреба да добијат се во моментот кога ќе го посакаат. Огнени се, импулсивни и полни со ентузијазам и не поднесуваат пасивни партнери. Повремено имаат изливи на бес и може да бидат мошне груби. Сакаат да бидат први и најдобри, па потребата за натпревар им е во крвта. Презираат рутина и постојано сакаат некој да им се додворува.

Жена Бик

Жената во знакот бик ретко кога не носи квалитетна облека и импресивен накит. Таа е посесивна и сензуална партнерка која сака комфорна врска во која ќе може да им се препушти на задоволствата. Понекогаш материјалната сигурност и е поважна од емотивната, па бара партнер кој може да и е стабилна иднина. Не сакаат кога некој ги форсира да направат нешто што не сакаат бидејќи во суштина тешко се прилагодуваат на промени.

Жена Близнаци

Ова е жена со нагласена смила за хумор и досетливост. Потполно е отворена во комуникацијата, што остава впечаток дека постојано флертува. Но, нека не ве залаже нејзиниот детски шарм, затоа што под површината се крие личност која добро ја анализира секоја ваша постапка. Секогаш е во потрага по интересен тип на маж кој ќе ја привлече со својата интелигенција и способноста да дискутира на најразлични теми. Доколку сакате да ја задржите покрај себе секогаш изнаоѓајте нови начини со кои што ќе ја стимулирате нејзината љубопитност.

Жена Рак

Овој знак отсликува жена полна со емоции во потрага по вистинска љубов. Мошне е чувствителна, пожртвувана, а понекогаш дури и депресивна кога некој ќе си поигра со нејзините чувства. Може да биде каприциозна дама која лесно менува расположенија и не е задоволна од она што имате да и го понудите барајќи постојан доказ за вашата љубов. Најдобро се чувствува кога се грижи за некого без разлика дали тоа се партнерот, пријателите или децата.

Жена Лав

Овој знак открива дами кои се драма кралици. Сакаат се освен рамнодушност. Избираат претставителен партнер кој ќе го покажуваат пред другите луѓе и секогаш паѓаат на ласкање и комплименти. Кај нив љубовта и сексот одат рака под рака бидејќи сакаат врска која ќе биде исполнета со страст и меѓусебно разбирање. Што се однесува до физичкиот изглед, жената со лав како што кажува и самиот знак сака да биде во центарот на вниманието секогаш средена од глава до пети и во чекор со модата.

Жена Девица

Скромни и посветени, овие жени нема да ве заведат со флертување туку со отворен пријателски пристап на кој нема да можете да му останете рамнодушни. Нивното логично и приземно однесување остава впечаток дека ви се најдобри другарки со кои што можете да споделите буквално се. Лошата страна е во тоа што многу внимаваат на детали и ситници и лесно може да излезат од контрола кога нешто не е како што треба да биде. Иако изгледаат како чисти логичари, во суштина се полни со емоции кои вешто ги задржуваат за себе.

Жена Вага

Вистинска жена, елегантна и шармантна секогаш подготвена да остави најдобар впечаток пред другите луѓе. Ужива во уметноста и во префинетоста на животот. Мрази вулгарности и непристојно однесување. Знае одлично да флертува, но понекогаш се опседнува со изгледот. Иако сака стабилна врска, не е покажува голема страст во своите љубовни односи.

Жена Скорпија

Жената  скорпија е мистична, таинствена и магнетно привлечна дури и кога физички не е посебно убава. Зрачи со харизма, па затоа каде и да оди мажите едноставно се лепат за неа. Љуби интензивно и длабоко, а исто толку знае да биде деструктивна кога има епизода на љубомора и посесивност. Ќе ве направи мошне среќен човек во креветот се додека сте подготвени да и бидете потполно лојални и посветени.

Жена Стрелец

Жена во знакот стрелец дава особини на вечен оптимизам, отвореност и спонтаност. Оваа жена е интелектуалец кој ужива да патува, учи и истражува. Често кокетира и храбро се впушта во авантури, но си ја сака слободата, па поради тоа тешко може да се задржи во врска. Мрази рутина и предрасуди како и патетични емотивни сцени. Секогаш е отворена за нови предизвици, па можеби токму затоа стапува во брак во подоцнежните години од животот.

Жена Јарец

Вечната потреба за љубов е скриена под ладната надворешност на жената со знак јарец. Таа е стабилна, пристојна, не ретко резервирана, но и амбициозна и пресметлива. Тешко е да се заведе затоа што и треба многу време додека ги изрази своите емоции. Сака долги врски во кои ќе се чувствува сакана и материјално обезбедена. Освен тоа најчесто и се допаѓаат постари партнери за кои мисли дека се доволно зрели да и го понудат она што и е потребно.

Жена Водолија

Ориентирани кон иднината овие жени секогаш имаат специфичен и необичен пристап кон нештата. Два чекори пред сите, жените во знак водолија бараат партнер со либерални сфаќања кои се двојат од толпата и не ги следат правилата. Овие ексцентрични жени во еден миг се нежни, а веќе во другиот прават нешто сосема непредвидливо што ги шокира сите околу нив. Кога ќе почувствуваат дека партнерот се обидува на било кој начин да ги ограничи стануваат ладни и почнуваат со својата потрага по нова љубов.
Жена Риби
Жени кои се многу шармантни, тивки, со необично и меко срце. Изгледаат еротично и мистично како да кријат некоја голема тајна, но во суштина се многу едноставни. Се што треба да направите е безусловно да ги сакате. Рибата им ја нагласува фантазијата што прави да бидат едни од оние луѓе кои одат и со сонуваат со отворени очи. Ненаметливи се и постојано го идеализираат партнерот, дури и кога тој драстично се разликува од нивната претстава за вистинска и искрена љубов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi