ЦЕЦА: „Седевме дома и одеднаш слушнавме силен удар кој ги затресе ѕидовите“

12 јануари, 20170
7

Во вечерните часови, додека целото семејство Ражнатовиќ било во својот дом, еден автобус силно се забил во вилата на Цеца, причинувајќи голема материјална штета.

„Седевме дома и одеднаш слушнавме силен удар кој ги затресе ѕидовите! Веднаш ги погледнавме камерите и имавме што да видиме: автобус со голема брзина удри во ѕидот на вилата! Нормално дека не е пријатно, но признавам и дека не е првпат“, вели Цеца.

4

„Секоја година на нас ни се случува по една ваква несреќа. Оваа беше многу непријатна, но не не’ исплаши. Сите мажи во куќата веднаш излегоа да му помогнат на несреќниот возач, а имаше и луѓе од соседните куќи“, вели Цеца.

Штетата се уште не може да се процени, но не е мала.

2

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *