Министерот одлучи да ѝ ги исполни сите желби на Цеца
20 јануари, 20170
Откако Цеца Ражнатовиќ јавно апелираше до Ивица Дачиќ да ја запознае со претседателот на Русија Владимир Путин, министерот за надворешни работи на Србија за дневниот весник „Ало“ вели дека ќе даде се’ од себе за да и’ ја исполни желбата на фолк-пејачката.
„Ќе дадам се’ од себе да и’ ја исполнам желбата на Цеца. Таа е вистинска ѕвезда и не чуди тоа што го воодушеви и министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц. Секогаш ми е пријатно во нејзино друштво и со гордост истакнувам дека ми е пријател“, вели Дачиќ за овој дневен весник.