8 начини да бидете подобра личност во 2017

5 јануари, 20170
happy-girl-images-16

2016 не ни беше најдобра година, да имаме добра 2017!

Еве неколку совети кои можат да ви ја подобрат оваа година:

  1. Излезете надвор

Се чини дека сé помал број од нас поминуваат доволно време надвор.

Излезете, затоа што прошетките надвор не само што се добри за вашето тело, туку и за вашето ментално здравје.

  1. Зачленете се во спортски клуб

Ендорфините се одлични. Запознавањето луѓе е забавно. Луѓето во спортски клубови се навикнати да бидат дружељубиви и се пристапни.

Покрај тоа, не знаете колку добри може да бидете во еден спорт додека не му се посветите – и замислете колку благодарно ќе ви биде телото.

  1. Гласајте

Ако не гласате, вие не сте претставувани политички. Политичарите немаат причина да се грижат за вас ако не ги искажете вашите погледи на гласачките места и ако не ја дадете вашата поддршка за одредена политика, партија или личност.

Доколку не сте вклучени во процесот, ја разочарувате вашата демографска група и луѓето со слични политички верувања со тоа што не се претставувате самите себеси.

Ова посебно се однесува на младите луѓе – немате право да се жалите за акон кој го спроведува владата ако не сте гласале против истиот.

  1. Внимателно избирајте ги изворите од кои примате информации

Во многу погледи, 2016 беше годината на лажни вести.

Со ова ќе се изборите со тоа што внимателно ќе ги одбирате изворите на вести кои ги следите, избирајќи веродостојни извори.

Исто така, можете и да промените малку оваа година – прашајте ги вашите пријатели со различни ставови што тие читаат и погледнете ги и нивните предлози.

  1. Читајте и учете

Кога ќе гледате наназад на вашиот живот дали ќе го вреднувате тоа што три пати сте гледале една епизода од серијата „Пријатели“ или „Како ја запознав мајка ви“?

Или ќе го вреднувате тоа што сте прочитале за животот на Карл Маркс, Доналд Трамп или Хенри Кисинџер или тоа што сте научиле нова вештина која често ја практикувате?

Забавувањето и телевизијата не се грев, но помислете колку би ви биле досадни вашиот живот и ставови ако само тоа го правите.

  1. Пробајте да јадете помалку месо

Во ред, ако сте личност која многу сака месо разбираме дека сметате дека е многу вкусно. И ние не бараме од вас о целост да престанете да јадете месо – туку само помалку да го јадете.

Јадењето помалку месо е подобро за околината и за вашето здравје – многу едноставно.

  1. Гасете ги светлата кога напуштате соба

Штедењето енергија е секогаш добра работа да се прави, а сите знаеме да оставиме вклучени светла или отворена чешма.

Намалете колку трошите, користете го повторно тоа што може и рециклирајте.

  1. Решавајте крстозбор

Одржете го активен мозокот – вашата „постара“ верзија ќе ви биде благодарна кога ќе бидете побистри од младите околу вас.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *