Психолозите велат дека треба да мастурбирате на работа

17 јануари, 20170
4

Потребна ви е здрава, уживателна и бесплатна алтернативна пауза? Пробајте да мастурбирате.

Марк Сарџент, професор по психологија на Универзитетот Нотингем Трент, изјави за Metro дека мастурбирањето за време на паузата би било многу ефективно на работа и одличен начин да се намалат тензиите и стресот.

Ова го рефлектира и мислењето на психологот и животен тренер Др. Клиф Арнал: „Секако, мастурбирањето за време на паузата од досада или како начин да избегате сигурно би го зголемило работниот фокус.“

Тој предлага дека мастурбирањето на работа може да резултира со „повеќе фокус, помалку агресија, зголемена продуктивност и повеќе смеење.“

Но, Др. Арнал исто така ги потенцира и потенцијалните недостатоци на овој план, велејќи дека неуспевањето да се постигне оргазам брзо би можело да резултира со зголемена фрустрација и премногу долги паузи.

Тој исто така предлага дека не треба да се фантазира за колегите бидејќи ова може да се допринесе до „когнитивно пореметување“ или едноставно до несоодветно однесување на работното место.

Коренот на овој ненадеен интерес за стимулација во канцеларијата изгледа дека е анкета спроведена од списанието Time Out New York, која објави на крај на 2015 година дека 39 проценти од машките читатели признале дека мастурбираат во канцеларијата. (Но, тие не доставиле вистински квантитативни податоци да го поддржат ова тврдење, цитирајќи ги само читателите.)

Но, во 2012 година, таа бројка се појави како 31 процент во списанието Glamour, со анкетен примерок од 1.000 мажи.

Се испоставува дека придобивките од мастурбирањето на работа се намалување на досадата, стресот и сексуалната возбуденост и можеби дури и како лек за мамурлак.

И не, не си замислувате – овој совет е очигледно наменет воглавно за мажите отколку за жените.

Како одговор на оваа анкета, една компанија за секс играчки Hot Octopuss поставиле кабина за мастурбирање во Њу Јорк Сити ексклузивно само за мажи. Тие ја нарекле: „GuyFi“.

Претпоставуваме дека на жените им се советува да отидат во кујната по „хербален чај“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *