Што се случува со нашиот мозок кога не спиеме во сопствениот кревет?

5 јануари, 20170
tumblr_lmpo5ckdGi1qbo8blo1_500

Ви откриваме што се случува во вашиот мозок кога не спиете во својот кревет. 

Можеби вечерта сте завршиле кај пријател/ка, сте останале да преспиете и дури утрото се враќате дома.

Која и да е причината што сте останале во туѓ кревет, т.е не сте спиеле дома, не треба да се грижите ако не сте се наспале.

Тоа не значи дека не сте прилагодливи, а како доказ ја има неодамнешната студија во “Current Biology” која ја објаснува оваа појава.

Студијата вели дека секој пат кога спиете на непознато или полупознато место само половина од вашиот мозок се препушта на длабок сон, додека другата половина, левата, е секогаш спремна за евентуална акција. Научниците велат дека ваквата спремност на едната половина на мозокот е останата уште од почетокот на човештвото, тогаш служела за одбрана од можни напади во ноќта.

Ова “полуспиење” за кое станува збор може да се случи и кога се вселувате во нов простор, т.е сеуште ви е се околу вас ново и не се чувствувате целосно безбедни.

Преспивањето сепак не мора да биде негативно или да предизвика огромен умор, основната причина за “полуспиењето” како механзам за заштита веќе во модерниот, посигурен свет, веќе исчезнува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi