Исфенирајте ја вашата коса како професионалец

16 јануари, 20170
8

Пред да почнете со фенирање, носете лесна гардероба и сместете се во соба која е добро климатизирана и без влага. Ако сте во затворена бања, никогаш нема да го постигнете саканиот ефект. Заштитете ја косата со спреј за зајакнување на влакното и одбегнувајте се што дава мрсен изглед, како гел или козметика што содржи алкохол. Почекајте неколку минути за вашата коса да се засуши природно, па потоа употребете го фенот, бидејќи помалку влажната коса полесно се стилизира.

За да се спречи брановидноста, се препорачува да се користат поголеми клипови и косата да се подели во три реда и две колони. Кога ќе ја поделите косата, започнете да ги сушите деловите кои се поблиску до вашето лице, бидејќи таму косата е посува и кршлива и ако ја оставите за крај, фенирањето може да биде потешко. Користете округла четка за фенирање и секој прамен фенирајте го од самиот корен па до врвовите. Секогаш користете го фенот во една насока и не поместувајте го додека поминувате низ прамените.

За полесно да ги исфенирате задните делови од косата, влечете ги прамените над вашите раменици. Доколку сакате да постигнете волумен на косата, советуваме четката да ја кревате повисоко. Колку повисоко ја кревате четката додека се фенирате, толку поголем волумен ќе постигнете.
Откако ќе завршите со сите прамени, проверете дали сте оставиле влажни места во косата, бидејќи може да ви се прекрши. За да додадете сјај и детектирате влажни корени, дувајте неколку минути со ладен воздух. Секогаш имајте на ум дека пределот околу темето најтешко се суши.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *