Кисело млеко против акни и за подмладување на кожата

11 јануари, 20170
5

Киселото млеко и јогуртот се познати како прва помош при изгореници од сонце, но дали знаевте дека тие се многу корисни и во борба против акните или стареењето на кожата?

Покрај тоа што е одлична диетална храна, јогуртот со своите остојки како млечната киселина, витаминот Д, калциумот, цинкот и протеините помага за навлажнување, затегнување, подмладување и чистење на кожата.

За кожа со акни:

Тргнете го кајмакот од киселото млеко и нанесете од густото млеко на чиста кожа, на областите подложни на акни 30 минути, а потоа измијте со млака вода. Киселото млеко има антибактериски и антигабични својства и со третирање со кисело млеко или природен јогурт, ќе ја исчистите и смирите иритираната кожа. Овој ритуал може да го повторувате и секој ден, пред спиење, или барем трипати неделно.

За спречување на стареење на кожата:

Млечната киселина во киселото млеко и јогуртот помага за разградување на мртвите клетки од кожата и затегнување на порите. Додадете лажица маслиново масло на три-четири лажици кисело млеко. Нанесете на лицето, треба да постои 30 минути, а ова можете да го правите три пати неделно.

За намалување на темните дамки:

Со редовно користење, киселото млеко и го измазнува и обелува лицето (се сеќавате на Клеопатра која се бањала во млеко?). Измешајте неколку лажици кисело млеко со малку лимон и ставете да отстои на кожата 30 минути. И ова можете да го повторувате трипати неделно.

За навлажнување на кожата:

Откако ќе го измиете лицето, не бришете го, туку нанесете кисело млеко или густ природен јогурт на лицето и вратот. Јогуртот ќе ја зароби влажноста од миењето, па оставете го да постои 10 минути, и потоа измијте го. Млечната киселина од јогуртот помага за ексфолијација и измазнување на кожата. За сите маски важно е да користите густи, природни јогурт и кисело млеко со активни култури за најдобро разубавување на вашата кожа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *