19 јуни, 2013

Радио

  • Овен

    Овен – 18.06.2013

    Се наоѓате во сјајна прилика да ги зголемите своите деловно – финансиски резултати, затоа немојте да дозволите некој да се меша во вашиот концепт или плановите кои ги спроведувате. Одлучноста и упорноста носат позитивен ефект. Нема причина за лажна скромност кога се наоѓате во нечие блиско друштво. Размислете за изборот на личноста која може да го подобри вашето разположение.

  • Бик

    Бик – 18.06.2013

    Јасно ви е дека некој ги загрозува вашите деловно-финансиски интереси, но вашиот напор не носи позитивен ефект. Морате да прифатите неповолна позиција која ви ја нематнуваат соработниците. Искористете ја својата интелегенција или некои скриени адути. Во однос со саканата личност, мудро и на заобиколен начин можете да ги остварите своите љубовни намери.

  • Близнаци

    Близнаци – 18.06.2013

    Доколку ви недостигаат веродостојни информации за деловните можности немојте да давате непромислени ветувања, туку побарајте нечија интервенција и посредување. Сите проблеми полесно се решаваат со нечие присуство. Бидете доволно нежни и креативни пред вашиот партнер. Препуштете се на своите чувства и емотивна инспирација.

  • Рак

    Рак – 18.06.2013

    Доколку некој ги критикува вашите бизнс идеи, покажете доволно слух и прифатете корисни совети. Важно е да го подобрите својот деловен рејтинг или да се прилагодите на соработниците, кои позитивно влијаат на вашата социјална репутација. Во средба со саканата личност почитувајте го заедничкиот договор. Потребно ви е друштво или добар емотивен стимул.

  • Лав

    Лав – 18.06.2013

    Избегнувајте различни аспекти на деловни уценувања или тркачка атмосфера, која ја предлагаат вашите соработниции претпоставени. Немојте да дозволите некој да ве обврзува на сервилност или деловен однос кој не ги исполнува вашите очекувања. Ви пречи сознанието дека на саканата личност и недостига инспирација или емотивна храброст. Очекувајте повеќе искреност.

  • Девица

    Девица – 18.06.2013

    Нечија приказна ви остава негативен впечаток, не верувате во големи зборови без покритие. Во средба со соработниците бидете промислени и поскромни од вообичаено. Заборавете на големи амбиции кои ве доведуваат до конфликтна ситуација. Саканата личност искрено сака да ве задоволи, покажете дека имате доволно доверба во заедничките договори.

  • Вага

    Вага – 18.06.2013

    Денеска бидете во близина на вашиот дом. Пронајдете сигурност во работите кои ги знаете да ги правите. Опуштете се и подгответе нешто интересно за вашите најблиски. Немојте да бидете обесхрабрени ако вашите мисли не се поклопуваат со туѓите.

  • Шкорпија

    Шкорпија – 18.06.2013

    Иако сте склони да уживате во самотијата денеска ќе се почуствувате повлечено повеќе од кога и да е. Пријателите ќе ве викнат да излезете но вие веројатно нема да го прифатите повикот. Можеби ќе се чувствувате и нервозни. Денот е погоден за работа и обрнете внимание на важните проекти. Физичката активност ќе ви помогне да се ослободите од стресот.

  • Стрелец

    Стрелец – 18.06.2013

    Можно е да постои тензија во воздухот без некоја оправдана причина. Членовите на семејството ќе бидат исто така во многу проблеми. Вашата наклонетост да се обидете да ги расположите нема да успее. Не се тие криви, туку планетите, денот е таков. Ослободете се од грижите и вежбајте.

  • Јарец

    Јарец – 18.06.2013

    Можно е да добиете мистериозен телефонски повик или пак некој ќе ви спушти слушалка уште пред да сфатите кој е. Можно е да се чувствувате нервозни, но треба да излезете на долга прошетка или да се посветите на друг вид физичка активност.

  • Водолија

    Водолија – 18.06.2013

    Денеска е многу конфузен ден за вас од финансиска гледна точка. Немојте да се грижите ќе биде се во ред кога ќе ги утврдите недостатоците и проблемите. Денеска можно е да ви се појават и интензивни сонови. Обидете се да ги запомнете бидејќи тие ќе ве инспирираат за идните проекти.

  • Риби

    Риби – 18.06.2013

    Некоја блиска личност ќе ви изгледа многу зафатено него вообичаено и веројатно тешко ќе излезете на крај со тоа. Не го сфаќајте тоа премногу лично. Таа личност има проблеми за кои несака да разговара. Можеби ќе бидете напнати и нервозни, па затоа треба да вежбате.

Почетна // Хороскоп
Горе