Во земјатва денес се одржува шестата по ред манифестација “Ден на дрво“. Се планира да бидат засадени седум милиони садници на повеќе локации во Македонија.Мотото на Ноемвриската акција е “Садиме заедно за нас“. Во Петок младите да ги земат своите родители и заедно да одат да засадат дрвца, порача на неодамнешниот прес оперскиот пејач Борис Трајанов, кој е еден од иницијаторите.Пораката сликовито е пренесена на пропаганден материјал изработени од Дарко Марковиќ. Имено, синот го повикува својот татко кој седи закован пред телевизор, да излезат заедно и да учествува во програмата што живот значи.Во акцијата традиционално се вклучуваат политичари, војници, ученици, граѓани. 160 припадници на АРМ ов осум гарнизони ќе засадат околу 50 различни садници на осум локации.
Извор: Нетпрес www.netpress.com.mk