Аменхотеп IV (Echnaton)- египетскиот владетел

slobodan14 ноември, 20101min00
Amenhotep 4

Аменхотеп IV (Echnaton) живеел во XIV век пред нашата ера, пред речиси 33 векови. Тој бил последниот египетски владетел на нивната земја. Со десет години дошол на престолот, а за само осумнаесет години подоцна, тој починал. Во текот на овој релативно краток временски интервал, тој успеал да постигне феноменална револуционерна промена на целата состојба во земјата, и оставил неизбришлива трага во духот на времето. Контрастот помеѓу начинот на неговото и владеењето и на неговиот претходник бил толку екстремен,што било многу логично да се случат такви промени во кралската традиција. За среќа, пронајдени се документи во минатиот век (на плочките во Тел ел-Амарна, Египет, 1880 година) кои обезбедуваат детални информации за овие влијанија, кои го добиваат карактерот на овој извонреден човек. Откриени се факти кои укажуваат на тоа дека Аменхотеп IV владеел под несвесно влијание со психолошките конфликти слични на оние откриени од страна на психоаналитичарите помеѓу современите луѓе.
За овој дрзок млад човек, кралот, идеалист и сонувач се верува дека бил обземен од халуцинации. Сепак, во светлината на неговиот живот и неговата ментална цврстина и одмерен раст, претпоставката дека тој страдал од епилепсија се чини неодржлива.
Многу важни се основните факти кои се однесуваат на односот со неговите родителите. Односот на фараонот кон неговите родители ја открива одредената аналогија која се нарекува Едиповиот комплекс, од страна на психоаналитичарите. Односот се состоел од потисната омраза кон својот татко и од несвесната приврзаност кон мајка му. Живеел во време кога неговите претходници ги славеле полигамијата и големите хареми, но тој ја избирал моногамијата како начин на живот. Неговата верна пријателка, која била избрана за него додека тој бил сеуште дете, од страна на неговите родители, го оневозможиле неговото право за личен избор. Пренагласената моногамија и лојалност кон избраничката се само дел од последиците на неговите потсвесни конфликти. Од моментот на застанување на престолот, младиот крал со силна енергија се фрли на задача да ги промени верските и етичките традиции на времето. Постоечките методи беа наметнати од страна на неговите претходници, меѓу кои, се разбира, е и татко му. Не можат да се сметаат за случајност, обичаите и идеалите кои ги негуваше, дека во голема мера се поврзани со неговата мајка и нејзината природа. Полн со елан младиот крал отиде толку далеку што целосно го замени Богот на татко му, Амон, ставајќи го на негово место Богот Атон, Божеството на мајка му и нејзините приврзаници. Со тој дрзок потег предизвикал непријателска реакција од свештениците на Амон. Богот Атон, ја добил возвишеноста и авторитетот како ниеден дуг Бог во историјата на Египет. Тој не бил Бог помеѓу Боговите, тој бил единстевениот вистински Бог. Во исто време кралот дал импулс, нов поттик за употреба на пластиката во уметноста и во идеалите на неговата нова религија. Со тоа ги збунил и египтолозите и историчарите на уметноста, Употребата на пластиката во уметноста во неговото време претставува чудесно враѓање на архаичниот тип, стил кој се карактеризира со застапеност на пластиката, кој датира од најраниот период на египетската историја и има малку заедничко со стилот кој преовладуваше за време на владеењето на неговиот татко. Пластичните фигури од тој ран период претставуваат кралски лица, кои според египетската традиција имаат директно потекло од Богот Ра, Бог на сонцето. Од друга страна, култот на Атон е исто така Бог на сонцето, само во азиска форма, затоа што неговата мајка била азиска принцеза. Така, Amenhotep IV , во верска и уметничка смисла, го исфрлил владеењето на неговиот татко. Големите револуционерни промени во религијата, уметноста, етиката, филозофијата, со несогледиви последици за иднината на Египет се изведени од подсвесните конфликти на кралот. Тој создал речиси нова цивилизација која била брилијантна но, кратко траела. Културната асоцијација на Теба, тогашниот главен град, со Богот Амон- Богот на неговиот татко била многу интимна. Но, со доаѓање на престолот Amenhotep IV, ја преселил локацијата кај устието на реката Нил, имено најстариот дел од Египет, кој го нарекол Атнов хоризонт, и наскоро тоа место било прогласено за главен град.
Тој се борел против свештениците на Амон, борба која резултирала со десетици илјади мртви луѓе и силен пад на Египет, и наредил името на Амон, и името на неговиот татко се отстранат од сите записи во целата земја.
Така што наместо воена помпа, или да ја слават битката на полето на владеењето на новиот цар, започнала ерата на духовна експанзија и раст на етичка, филозофска и уметничка ренесанса. Правило Echnaton е единствено во светската историја. Тој бил предвесник на монотеизам, како што истакнал Flinders Petrie, како и многу други етички принципи – ” Изолиран прототип на христијанската вера”.
Echnaton е прикажан како рана аналогија на Schreber. Овој фараон бил опседнат со обожување на богот на сонцето Атон. Тој се надевал дека исто како сонцето и тој ќе ги апсорбира моќните сончеви зраци. Авторот сугерира дека оваа преокупација, е позната како пореметување на пасивните хомосексуални желби против неговиот татко. Доказите за ова сугерираат дека Аменхотеп III, Ehnatonov татко, бил моќен. Забрзаниот духовен раст имал двојник кој подеднакво брзо како растот довел до физичко пропаѓање на владеењето, што на крај ја проголтало целата цивилизација. Низ тешките денови во времето подоцна во владеењето на Echnaton тој останал потполно посветен на својата духовна задача, не водејќи сметка за проблемите кои се зголемувале. Неговата смрт го убрзала распаѓањето на неговот царство, а освен тоа и била сигнал на следбениците на Амон, за нивна реафирмација. Веднаш потоа, верскиот етички систем кој бил изграден од Echnaton исчезна еднакво брзо како што бил создаден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag