Италија стравува

21 септември, 20100
italian cars

Италија стравува дека слободната трговија помеѓу ЕУ и Јужна Кореја може да го поплави европскиот пазар со јужно-кореански автомобили. Италијанската влада одбива да го тргне ветото на зделката. Европската трговија со трети земји има потреба од поддршка од сите 27 земји членки, но Италија го повлече одобрението поради загриженоста од влијанието во европската автоиндустрија. Службениците во ЕУ тврдат дека слободната трговија со нови извози од Јужна Кореја ќе донесе 19 билиони евра. Комбинираната трговија на стоки помеѓу ЕУ и Јужна Кореја во 2009 година тежеше 53 билиони евра. Италија со својот став сака да ги заштити своите домашни автомобилски компании од странската конкуренција. Владите на ЕУ го одбија барањето на Италија за шестмесечно одложување, но направија други концесии со кои дипломатите се надеваат дека ќе го омекнат ставот на Италија. Европскиот парламент кој исто мора да го одобри договорот, треба да одобри провизија со која Европа би го оданочила или пак би го лимитирала увозот на возила од Јужна Кореја. ЕУ смета дека ваквиот договор е од голема важност и ако го преземе САД, ЕУ ќе има голема загуба. Италијанскиот премиер Силвио Берлускони треба да се сретне со другите лидери на ЕУ, за да се решат проблемите околу напоменатиот договор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi