VW повторно се обидува да стане aмериканска компанија

22 септември, 20100
Volkswagen_Logo_01

Доколку новиот директор на Volkswagen за САД, Џонатан Браунинг, сака да успее во реконектирањето на VW со американскиот народ како што беше случајот со “Буба” и “Mикробус”, тогаш ќе мора да научи од своите грешки. До раните 1980-ти, VW имал 5.700 вработени во Пенсилванија и произведувал 200.000 мали автомобили на годишно ниво. Но, тие мали автомобили се тешко прифатени на американското тло, па во тој случај Toyota и Honda стануваат попопуларни. Дури и по претставувањето на VW Jetta, одделот во САД работел со 40% од неговата ефикасност. Во ноември 1987 година, одделот е затворен и префрлен во Кина. Сега VW повторно се обидува со инвестиција од 4 милиони долари, вклучувајќи посебни возила дизајнирани исклучиво за американскиот пазар. Освен тоа, VW поседува и фабрика во Чатануга која тежи 1 билион долари и засега креира само прототипови, а ќе започне со производство на почетокот на 2011 година. VW е полн со самодоверба во пристапот на американскиот пазар, изјавувајќи дека нема да се повторат грешките од пред 25 години. Главната грешка за пропаднатата стратегија беше во тоа што тогаш VW се обидуваше да “изамериканизира“ европски автомобил, изјави директорот. Тие грешки денес треба да се корегираат со новите возила, наменети исклучиво за американските критериуми и услови. VW планира до 2018 година да продаде 800.000 возила на американскиот пазар. Со среќа Volkswagen.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi