За оние кои сакаат да знаат повеќе за ESC

22 септември, 20100
06_ESC_car

ESC (електронска контрола за стабилност) е докажан систем за безбедност на вашето возило на патот. Скоро 40% од фаталните незгоди на патот се случуваат како резултат на пролизгување на возилото. Истражувањето покажува дека ESC го намалува ризикот од пролизгување помеѓу 25% и 35%, во зависност од условите на патот. ESC всушност го детектира губењето на котрола над вашето возило и автоматски ги активира кочниците, кои ќе помогнат при маневрирање на возилото до саканата дестинација. Кочењето е автоматски употребено кај индивидуалното тркало, во зависност од ситуацијата кое тркало ќе се употреби. ESC се состои од комбинација на TC (контрола на пренос) и ABS, користејќи во меѓувреме неколку сензори како агол на управување, брзина на управување, латерален сензор за забрзување и сензор за скршнување од нормалната насока. ESC тестовите се прават на брзина од 80 km/h, со агол на ротирање на тркалата до 270 степени. ESC е опција која мануелно можете да ја вклучите и исклучите. Кај различни производители има различни називи како: ESP, DSC, VSA, VSC и сл. За жал, ESC не е во стандардните пакети кај сите производители на возила, но добра вест е што во последно време се повеќе производители ја вметнуваат оваа опција во стандардната понуда на пакети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi