Една 64 годишна баба жителка на Аризона, која има пет внуци, освоила рекородни 95,3 милиони долари на лотарија, откако повеќе од шест години игра иста комбинација на броеви. Бабата која била самохрана мајка изјавила како комбинацијата на броеви која ја игра повеќе од шест години ги содржи датумот на нејзиното раѓање и датумите на раѓањето на нејзините деца. Откако ја подигнала сумата која изнесувала 49,9 милиони долари поради одбиените даноци, таа кажала дека со ова ќе се смени нејзиниот живот, животот на нејзините деца и внуци.