Манифестацијата во име на македонскиот мед, која традиционално се одржува, започна денес, а ќе трае до сабота пред Спомен куќата на Мајка Тереза на улица Македонија. Во склоп на манифестација во неколку училишта низ Општината Центар, производителите на мед ќе им одржат предавања на учениците се со цел да ги доближат корисните својства на медот и неговата примена.