Откако по Грција, и Ирска побара финансиска помош од Европската унија, се поглеми се верувањата дека на еврото може да му дојде крајот, се пишува низ британските медиуми. Економскиот консултант Грахам Тарнер, смета дека заедничката европска валута во својата сегашна форма треба да престане да постои. Јазот во евро зоната е се подлабок, и би било добро да се формира така наречен блок на германската марка, а останатите земји да го задржат еврото, чија вредност би паднала драстично. Со тоа ќе се забрза економското закрепнување, ќе се намали дефицитот и ќе се спречат одредени политички немири, смета експертот. Тој додава дека сега за сега еврото преживува, но по судбината на Ирска, следни на списокот за помош од ЕУ се Португалија и Шпанија. Се вели дека на таа листа ќе се најде и Белгија, бидејќи сопствениците на белгиските владини обврзниците стануваат се понервозни и се обидуваат да го решат проблемот и да се решат од истите, а ситуацијата дополнително се отежнува со политичката неизвесност со фактот дека по седум месеци од изборите државата се уште нема добиено влада.