10 причини за да го изберете Microsoft Office 2010

24 септември, 20100
1microsoft-office-2010-about

Новиот Office 2010 ви нуди моќни начини да ја извршите работата во канцеларијата, дома или на училиште. Брзо и креативно ќе ве освои преку подобрени и едноставни алатки, шаблони, шематски бои и можности за уредување на фотографии. Со новото ко-авторско пишување можете да работите со луѓе од различни локации истовремено, а нуди и пристап до вашите фајлови од речиси секаде. Новиот Office 2010 нуди поедноставување на вашите задачи и неверојатни резултати.
1. Изразете ги вашите идеи визуелно – можете лесно да создадете моќна визуелизација и да вметнувате фотографии, текстови и видеа во Power point. Нови и подобрени можности и ефекти за уредување на слики до видео уредувања.
2. Подобро поврзување, споделување и остварување ако работите со тим – сега можете доста побрзо да ја завршувате работата доколку работите во групи. Новиот Office 2010 нуди работење на една датотека или фајл со повеќе луѓе истовремено од различни локации, што ќе ви овозможи колективно собирање идеи, подобра контрола и исполнување на роковите.
3. Уживајте во работата и преку интернет – со новите веб апликации ќе ги искористите предностите од флексибилноста на Office 2010, затоа што имате пристап до вашата работа во секое време, со било кој од новата генерација на телефони и интернет конекција. Креирајте документи, потоа поставете ги онлајн и ќе можете да ја споделите вашата работа со било кој друг во светот.
4. Лесно управување со имеил – конверзациите во outlook 2010 се подобрени од аспект на следење и управување со вашите пораки и можност за заштедување на простор во сандачето. Компресија на долги мејлови, категоризација, потполнување, игнорирање или чистење со само еден клик.
5. Создадете моќни податоци – со новите податоци за анализа и визуелизација на функциите во Excel 2010, можете лесно да ги следите и нагласите важните податоци. На пример, новата Sparklines функција обезбедува јасно и компактно претставување на вашите податоци со мали топ листи во самите ќелии. Новата Slicer функција ви овозможува филтрирање и сегментирање на Pivot table податоците во повеќе слоеви, за да можете побрзо да ги анализирате, а помалку време да ги форматирате истите.
6. Повеќе релевантни презентации – со Power point 2010 можете лесно да вградувате и прилагодувате видеа во рамките на вашата презентација. Веќе вметнатите видеа можете да ги модифицирате директно преку Power point, со што се заштедува време.
7. Складирајте и следете ги сите ваши идеи и забелешки на едно место – со OneNotes 2010 ќе го добиете последниот дигитален бележник за складирање, организирање и споделување на вашите текстови, слики, аудио и видео фајлови.
8. Брзо комуницирајте и разменувајте информации – комуницирајте со вистинската личност на вистински начин, со присутни информации, преку интегриран избор на комуникација. Со Office communicator присуството е достапно преку апликација која ви дава индивидуални разговори и размена на инстант пораки, аудио и видео повици, додека преку word, power point и outlook 2010 имате ко-пишување.
9. Побрзо и полесно извршување на задачите – со промените во менито, со само еден клик можете да стигнете до операциите “сочувај“, “сподели“, “печати“. Ribbon функцијата е достапна во сите апликации на office, за да можете брзо да пристапите до повеќе команди и да креирате сопствени персонализирања на office, кои ќе се совпаднат со вашиот стил на работа.
10. Пристап до вашата работа преку разни уреди и платформи – новиот Office 2010 ви дава неограничена можност на користење преку компјутери, паметни телефони и различни веб прелистувачи, така што ќе имате слобода да го користите системот од повеќе локации и на повеќе уреди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi