Непризнатиот пронаоѓач на компјутерот

24 септември, 20100
thomas_edison

Томас Едисон ја измисли светилката, Никола Тесла наизменичната струја, но кој го измисли компјутерот? На основа на правото за патент, може да се одговори дека пронаоѓач на компјутерот бил англискиот математичар, филозоф и политички економист Чарлс Бебиџ, кој во 19-от век прв дошол до оваа идеја. Меѓутоа, првиот функционален компјутер во светот го измислил Конрад Зусе во 1941 година, во собата на неговите родители во Берлин. Во едно интервју од 1992 година тој изјавил како дошол до идејата: “Завршив градежен факултет, а во градежништвото се неопходни премногу пресметувања и статистики. Барав начин како сите тие пресметки да ги автоматизирам и на крај стигнав до она што денес се нарекува компјутер“. Компјутерот Z1, направен во 1938 година, се состоел од лим, шипки и рачки. Усовршениот Z2 имал и телефонски рилеи, а моделот Z3, направен во 1940 година, е првиот компјутер кој функционирал. Тој е голем колку еден ормар и се наоѓа во германскиот музеј во Минхен. Конрад Зусе многу рано ја сфатил универзалноста на компјутерот. Тој не бил член на нацистичката партија, но својата машина ја дал во служба и употреба за војната – за прокетирање на нови авиони и дешифрирање на пораки. Во 1940 година основал сопствена компанија која банкротирала после 25 години, но за него најголем пораз бил изгубениот спор за правото на патент. После банкротот, тој почнал да се занимава со сликарство, при што направил портрет на Бил Гејтс, кој денес стои во седиштето на Мајкрософт. Конрад Зусе умрел во 1995 година во Германија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi