Истражување преку мобилни телефони за помош на Хаити

24 септември, 20100
haiti_phones_01

По пресметките за последиците од земјотресот на Хаити во јануари оваа година, се истакна важноста за подигнување на национален телефонски сервис и што побрзо функционирање на истиот. Компанијата Телеком без граници (Télécoms Sans Frontières -TSF), веднаш започна со обиди за реобнова на сервисот за мобилни телефони и воспостави подобра конекција. Мобилните телефони се покажаа како многу корисно средство за лоцирање на жртвите и испраќање на помош на вистинските места. Сега, како што Хаити се опоравува од земјотресот, една група волонтери од “Статистика Без Граници“(SWB) се поврзаа со американската асоцијација за статистика, со цел да спроведат истражување преку мобилните телефони со кое ќе добијат подобри информации за економските ефекти на земјотресот. Истражувањето има две главни цели: едната е да се процени работниот статус на населението во Хаити и промената на истото, а втората-проценка на тековната ситуација за домовите на испитаниците. Истражувањето ќе се одвива со произволно бирање на активните мобилни телефони кои постојат во Хаити и се надеваат дека ќе достигнат број од 1000 испитаници. Оваа групација е финансирана од консултантска компанија за здравје од Северна Каролина, предводена од д-р Жан Орелин, кој потекнува од Хаити. Тој и волонтерите ја посетија земјата и направија прелиминарни активности за започнување на истражувањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *