Медиатек ќе се придружи со Оха за да направат поевтини Андроид телефони

24 септември, 20100
mediatech-beveled_large

Компанијата Медиатек е позната по тоа што ги снабдува сите чипсетови за производителите на телефони во Кина. Повеќето евтини телефони на кинескиот и индискиот пазар се поддржани од оваа компанија. Компанијата е подготвена да ги импресионира и западните пазари, бидејќи потпишала патентирана крос-лиценца со една од најразвиените компании во таа индустрија, Куалком. Медиатек сега се приклучи и кон алијансата Оха (open handset alliance), група која ја сочинуваат производители на чипови, телефонски уреди и оператори. Групата е раководена од страна на Google, и планира оперативниот систем Андроид да се донесе во различни уреди и на различни пазари. Исто така, од неодамна Google има планови да продре на индискиот и кинескиот пазар со евтини андроид телефони, и заедно со Медиатек како дел од Оха, имаат се поголеми шанси да ја остварат таа цел.
За кинеските производители на телефони недостигаше силен и ефикасен оперативен систем, а сега тоа ќе може да се исполни со андроид и Медиатек, кој истовремено ќе добие официјални хардвер драјвери и ефикасност на оптимизацијата на андроид. По сево ова, изгледа дека зелениот робот ќе има светла иднина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *