Саудицијте против BlackBerry

24 септември, 20100
saudi-arabia-blackberry_full_600

Саудиската комисија за комуникации и технологија побара од мобилните компании во земјата да ги стопираат BlackBerry услугите, почнувајќи од 5-ти август. Ова се однесува на бизнис компании и поединци, бидејќи производителот на уредите не можеше да одговори на барањата на комисијата и не е во согласност со регулативите и условите на издадените дозволи од провајдерите. Research In Motion, канадската компанија која ги произведува овие уреди, не одговори веднаш на оваа реакција. Обединетите Арапски Емирати ја бранат својата одлука за стопирање на BlackBerry услугите за интернет, тврдејќи дека истата регулаторна усогласеност се бара и во САД, пред се поради национални безбедносни причини. Портпаролот на Стејтдепартментот ја критикуваше одлуката на ОАЕ да го ограничи имеил-от, инстант пораките и пребарувањето и изјави дека пристап е спротивен од американската телекомуникациска регулатива. Американскиот портпарол П. Кроули изјави за новинарите дека САД секогаш го поддржува слободниот проток на информации и дека ова е важен елемент во демократијата, човечките права и слобода на информации во 21-от век. САД изјави дека ги разбира ОАЕ затоа што тие информации можат да се искористат како начин да се нападне земјата, но дека ова барање не е најдобар начин за решавање на проблемот. ОАЕ соопштија дека се обидуваат да постигнат решение, но и после неколку години дискусија, BlackBerry сеуште не е во согласност со регулаторните барања, дури и кога тие се во согласност до слични политики во другите земји.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi