Откако Министерството за внатрешни работи на Хрватска распиша потерница по Иво Санадер, истото го стори и Интерпол. Министерството за внатрешни работи на својата службена страна објави потреница за Санадер, а Интерпол реагираше само неколку часа подоцна. На страната на Интерпол не е наведено за каков вид на потерница станува збор. Министерството го бара Санадер за извршување на кривично дело “Здружување и отпочнување на кривично дело и злоупотреба на службената должност и овластување“. Началникот на полицијата Томислав Карамарко, изутринава изјавил дека интензивно се работи на утврдување на местото на престој на Санадер, како и дека него го бара полицијата на Словенија, Германија и Австрија.
Извор: Нетпрес