Хакерските напади на “Гугл“, кои овој светски интернет пребарувач го натераа да се повлече од пазарот на Кина, ги организирал висок член на локална Комунистичка партија. Светските медиуми откриваат доверливи информации од американската амбасада во Пекинг кои се упатени кон Стејт Департментот во Вашингтон.
Како што се дознава од документите, овој висок член на Комунистичката партија, станал непријателски расположен кон “Гугл“ откако по извршеното пребарување на неговото име на најпознатиот пребарувач, открил одредени документи кои лично го критикуваат. Тоа го довело до политички инспириран напад на “Гугл“, што завршил со повлекување на “Гугл“ од кинескиот пазар од 400 милиони корисници. Овој потег е оценет како цензура на интернетот, што доби огромен публицитет. “Гугл“, чие мото е “не биди злобен“, на кинескиот пазар влезе во 2006 година и се обиде од домашниот ривал, пребарувачот “Баиду“, да го преземе пазарот со лансирање на “Гугл“ пребарувачот.
Извор: Нетпрес