Колерата на Хаити стигна и до главниот град, потврдени се 73 лица кои се заразени со болеста, министерството за здравтво изјави дека очекува епидемија. Министерот за здравство на новинарското прашање за страв од масовна зараза, изјавил дека доаѓа, што доволно кажува за најлошото сценарио кое можеше да и се случи на сиромашната земјата, која сеуште се бори со последиците од разорниот земјотес. Досега од болеста имаат починато 583 лица, хоспитализирани повеќе од 9000, а се стравува дека животот во шаторите и лошите услови само ќе го забрзаат ширењето на болеста.