Грчката полиција соопшти дека сомнителниот пакет пронајден во унгарската Амбасада во Атина не содржал експлозив. Полицијата претходно го евакуираше унгарскиот дипломатски објект, и изјави дека сомнителниот предмет бил голем поштенски плик. Според грчката полиција, зад серијата пакет-бомби од минатата недела, кои беа испратени и наменети до амбасадите во Атина стојат радикални левичарски групи.