10 Откачени теории на заговор

28 јули, 20100
KFC_logo

Диносаурусите како вонземјански влекачи владеат со светот. Кристин Фитзгералд, блиска пријателка на принцезата Дијана, тврди дека и кажала на принцезата дека кралското семејство се вонземјански рептили и дека тие би можеле да се луѓе кои ја менуваат својата форма. Репортерот Дејвид Ајк тврди дека човештвото е всушност под контрола на диносауруси, кои мора да консумираат човечка крв за да го задржат својот човечки изглед. Ајк заклучува дека рептилите доаѓаат од соѕвездието Змеј. Како и повеќето теории на заговор, фалсификување на хипотези, тврдењата на Ајк се речиси невозможни, но тој продолжува да продава книги, врз основа на концепти кои се движат од Новата ера, па се до неговите политички размислувања. Слетувањето на Аполо 11 на месечината е фалширано од Наса.
Слетувањето на Аполо на месечината било излажирано, со обвинувања дека целото сценарио го подготвила Наса, со можна поддршка од ЦИА. Ентузијастите на оваа теорија тврдат дека: Астронаутите не можеле да го преживеат патувањето поради изложеност на зрачење. Дел од фотографиите се променети, исто така и квалитетот на истите е многу висок. Нема ѕвезди на ниедна од фотографиите, а астронаутите никогаш не даваат извештај без да видат ѕвезди од прозорците на капсулата. Површината на месечината за време на ден е толку топла што може да го стопи филмот во камерата. Лансирањето на ракетата поминало без видлив пламен. Знамето ставено на површината од страна на астронаутите се вее, но ветер на месечината нема.
11 Септември диригиран од Американската влада.
Голем број на урбани митови, алтернативни хипотези, теории на заговор беа формулирани за да се објаснат настаните од 11 септември. Еве ги најпопуларните:Владите на САД, Ирак или Иран ги организираа нападите. Кулите близначки паднаа директно надолу право, како слободен пад. Ова е слична карактеристика на контролирано уривање. Облакот од прашина се смета за карактеристичен за гравитацијата. Често се посочува дека немало зграда од челик пред 11 септември, бидејќи кулите се распаднаа од пожар и евентуално дека претходно биле поставени експлозиви во зградите. Некои од фотографските докази од трупот на авионот пред Пентагон се сметаат за преамбициозни и неубедливи, на кои изостанува визуелен недостаток на изгорен метал, човечки тела, багаж на патницни. Пентагон беше погоден во реновирана, засилена секција, со цел да се намалат жртвите. ФБИ има конфискувано видео, кое сеуште не е пуштено на слобода.
Баркодовите се измислени за контрола на луѓето.
Некои заговори имаат тврдења дека баркодовите се навистина наменети да служат како средство за контрола од страна на владите, или дека се сатански во намерите. Мери Стујард Релф тврди во Новиот систем на пари 666, тајно се кодираат баркодовите со бројот 666 – библискиот број на ѓаволот. Оваа теорија е прифатена од страна на други маргинални фигури како Оракл Солог, кој одбива да ги етикетира неговите книги со баркодови, со образложение дека било кој вид на компјутерски системи за нумерирање од страна на било која влада или бизнис, е дел од пророштвото на ѓаволот за контрола врз луѓето.
Карло Велики никогаш не постоел, тој е измислен лик.
Временската фантом хипотеза е теорија која е развиена од Хериберт Илиг, што укажува дека раниот среден век (614 – 911г.н.е) никогаш не се случил, што значи дека сите артефакти кои му се препишуваат на овој период се од некое друго време, и сите историски личности биле измислени, меѓу кои и Карло Велики.
Вистината е таму надвор, во областа 51.
Тајната природа на површината 51 и несомнени врски со класифицирани авионски истражувања, заедно со извештаите за необични феномени, доведоа областа 51 да стане централен дел на модерното НЛО. Во некои од неконвенционалните активности се тврди дека во областа 51 се случувале: чување, испитување и обратен инженеринг на урнати вселенски летала, изучување на нивните патници (живи и мртви), производтство на авиони врз тајни технологии, развој на оружја со огромна енергија, (ЦДИ апликации и сл.), тајни состаноци и активности на светските најмоќни влади.
Мајкрософт праќа пораки преку фонт.
Вингдингс фонтот со Мајкрософт имаат историја на контроверзии. Во 1992 година, само неколку дена по пуштањето на Windows 3.1, се откри дека во секвенцата NYC во овој фонт се јавува симбол на череп, давидова ѕвезда и гест “палец нагоре”. Повеќето тоа го толкуваа како порака – одобрение за убиство на Евреите, особено оние во Њујорк. Мајкрософт ги негираше сите поврзувања и лоши намери тврдејќи дека конечниот распоред на хиероглифи, во голема мера бил случаен избор.
Американската војска го предизвикала цунамито во Индискиот океан, во 2004 година.
Популарни арапски медиуми тврдеа дека американските и индиските војски намерно го предизвикале цунамито во Индискиот океан, со електромагнетна пулс технологија. Други пак, ја застапуваа теоријата за стратешки интереси за нафта и гас.
Нацистите имале база на месечината.
Езотеричните Хитлерови заговори, заинтересирани од нацистичкиот мистицизам и Втората светска војна, шпекулираа дека Германците слетале на месечината уште во 1942 година. Според други теории, се смета дека нацистите биле во контакт со многу вонземјански раси.
Кентаки прженото пилешко ги прави црномурестите мажи импотентни.
Некогаш се сметаше дека “KFC” е франшиза, која е во сопственост на Кју Клукс Клан, и дека на прженото месо ставален специјален вид дрога, која предизвикувала импотентност само кај црните мажи. Иронично, но франшизата за “KFC” всушност е во сопственост на Афроамериканци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *