Моќта на симболите

27 октомври, 20100
simboli

Симболите имаат моќна привлечност за луѓето. Дури и денес кога материјалните перспективи владеат со човечките мисли, многу древни симболи како што се јин/јанк, индијанските дизајни, пирамиди се многу често застапени во накитот и во уредувањето на домот. Зашто симболите на древните цивилизации остануваат интегрален дел од нашето друштво, користени како имиња на големи компании, комерцијални цели, филмови итн? Оваа статија ќе се фокусира на светите симболи, симболи кои содржат и претставуваат нешто метафизичко и спомнува за причините зошто симболите побудуваат толку голема фасцинација. Науката за изучување на симболите звучи како многу комплициран предмет, но интересно е тоа што имаме и некои познавања можеби и малку интуиција затоа што како што кажавме ние сепак сме опкружени со нив. Зборот симбол значи нешто што содржи нешто друго. Симболот пренесува нешто, одразува нешто а кажано е дека најдобар вид на симбол е оној кој најчесто пренесува она што рефлектира и скоро ништо не зачувува за себе… Постои многу интересна теорија која вели дека сѐ што можете да видите во материјалниот свет има дупликат во невидливиот свет. Ова е теорија која постоела и во најстарите цивилизации. Експлицитно ја објаснил и ја поставил е филозофот Платон. Тој живеел во античка Грција помеѓу 4 и 5 век. Зборува за нешто што се нарекува “ архетипи “. Концептот исто така се нарекува” Облици” што е лош превод од грчки или пак “ Идеи” што е многу подобар превод. Оваа теорија кажува дека “ Идеите” се нешто што постои и надвор од овој материјален свет кој го гледаме, слушаме, допираме, мирисаме, вкусуваме. Сѐ на овој свет е рефлексија на” Идеите” . На пример кога ќе видите топка, тоа е манифестација на идеата топка. Дали некогаш сте виделе совршен рамностран триаголник, квадрат, или совршен круг? Не, не сте виделе затоа што тие не се создадени и манифестирани во реалниот свет. Не е важно колку совршен круг, триаголник или квадрат ќе видиме, секогаш ќе им најдеме несовршености. Не е важно колку совршено ке го направите тоа, секогаш има несовршености. Совршени геометриски фигури не постојат на овој свет, постојат само идеи за нив, но не и физички објекти. Математички израз на нив постои, идеите постојат но инкарнацијата на нив во овој свет е несовршена. Ако го набљудуваме универзумот ќе видите дека целиот е симбол. Постои неверојатна убавина во него, а кога ќе почнете да го испитувате и кога ќе се обидете да го разберете тогаш ќе сфатите дека тој е симбол за нешто што е надвор од него. Симболот е матафизички, тој излегува надвор од физичкиот свет. Една од првите работи што треба да ги направите за да ги разберете симболите е да излезете од овој свет, барем на кратко. Мора да се издигнете, како кога сакате да видите што Ве опкружува, се качувате на дрво на планина за да видите подалеку. Ако сте заглавени во сопствената културна перспектива, со други зборови, ако единствена перспектива која може да ја перцепирате само вашата, сопствената која е обликувана од друштвото, културата, религијата, политиката или општеството во која сте израснати тогаш сѐ останато ке Ви биде чудно. Затоа е неопходно да се издигнете, се со цел да заземеме што подобар поглед на нештата околу нас, посуптилно разбирање, подлабоко сфаќање. Анк ( Ankh) , доаѓа од стар Египет. Во храмовите на древните еѓипќани пронајден е како стои поставен во рацете на боговите. Изгледа како круг или овал кој е поставен на голема буква Т. Тој симболизира вечен живот. Се нарекува клуч на животот, клуч на тајната на природата. Се употребувал за отварање на вратата помеѓу видливиот и невидливиот свет. Во контекст на поединечните човекови битија се однесува за разликата помеѓу физичкото и духовното постоење. Тогаш верувале дека сѐ има душа. И билките,животнитепа дури и ѕвездите. Душата на кокошката очигледно не е како душата на човекот, иако во денешно време со однесувањето на некои луѓе може да Ве доведе до прашање. Според древните еѓипќани смислата на животот е во духовната еволуција. Инкарнацијата е процес на учење. Анк претставува отворање на вратата помеѓу физичкиот и духовниот свет. Меѓутоа влезот во тој свет бара чистење и едукација. Чистење за да нѐ ослободи од лажните ставови и недоразбирања што не спречуваат да го реализираме нашиот целосен потенцијал. Едукација за да ги изнесе сите квалитети и дарби кои се латентни. Со тоа ќе станеме симбол на нашите души. Конечно можеме да ја анализираме композицијана Анк. Анк е комбинација од два симболи круг и буквата Т или Крст
от Тau. Кругот го претставува совршенството, за духовниот свет на безкрајот. Крстот го претставува проклетиот дух или манифестот на светот. Тоа е комбинација од вертикална и хоризонтална линија. Хоризонталната линија е јин. Јин е почетокот на животот. Јанг е вертикалната линија, како сончеви зраци кои се пуштаат надоле. Тоа е она што е потребно да го има за да има живот. Мајката – Земја каде почнува животот и неопходно е да се има импулсот на животот. Хоризонталната линија е како површината на морето, а вертикалната е како гром. Двете заедно формираат крст кој е поставен на кругот. Проучувањето на симболите технички е проучување на природата, да се учат законите кои владеат со универзумот. Анк е еден од многуте симболи кои се наманети на ги научат и да помогнат за духовната еволуција на човекот. Постојат и едноставни симболи кои претставуваат училиште за мислењето и религијата. Хироглифите или идеограмите од древните цивилизации исто така се симболи. Природата е исто така полна со симболи. Цветот, геометриските шеми, ознаките за инсекти и животни, соцвездијата на небото, жилите на листот, сѐ се тоа симболи. Ние живееме во светот на симболите. Светите симболи можат многу да ни помогнат, да не потсетат на нашето невидливо постоење, а во многу ситуации можат да не инспирираат. Но, мудроста е далеку помоќна од симболите и амајлиите. Таа е вистинскиот Анк, клучот на невидливиот свет. Најдобар начин да се учат симболите е да се следи препораката на старите Грци, “ Запознај се себеси” , што е еквивалентно на тоа да се откријат тајните на најголемите симболи- човечките суштества, симболи на безсмртната душа и симболот на вселената.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *