Можно бегство на Санадер од Хрватска

slobodan8 декември, 20101min00

Хрватски “Дневник“ неофицијално пренесува дека поранешниот хрватски премиер Иво Санадер, утрово е виден како излегува од својата куќа и ја напушта Хрватска. Неофицијално објавуваат дека Санадер бил регистриран на граничниот премин Брегана околу 11 часот. Поранешниот премиер и член на Собранието, Иво Санадер, утрово не се појавил во Собранието. Во меѓувреме од хрватското државно правобранителство во Собранието пристигнало барање за одземање на пратеничкиот имунитет на Санадер, за што ќе се расправа на седницата во 14 часот. Според информациите на медиумите, Санадер вчера ја побарал документацијата од седницата на парламентарната комисија за приватизацијата на “Ина“.

Извор: Нетпрес

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma