Американска НАСА поставила видео на својот јутјуб, во кое се прикажува создавањето на најмладата црна дупка во вселената. Истата била “родена“ пред повеќе од 30 години. Откритието го добило службениот назив СН 1979 Ц. Црната дупка за прв пат била видена во 1979 година до аматер астроном. По неговото откривање, феноменот продолжила да го истражува екипа од врвни експерти. “Големо е задоволството што накрај можеме да сведочиме за создавањето на црната дупка, односно нејзиниот развој. “, информирала Кимберли Веавер, водителка на проектот. Масата на најмала црна дупка била за пет пати поголема од масата на Сонцето.
Извор: Нетпрес www.netpress.com.mk