Околу 30 рудари исчезнале при силна експлозија утрово по средноевропско време во рудник во Нов Зеланд. Нивната судбина се уште е неизвесна пренесуваат новозеландските медиуми. Вработените во рудникот за јаглен “Пајк ривер коул“ сметале дека под земја можело да има заробено повеќе од 30 рудари. Спасувачки екипи и хеликоптери стигнале на местото на несреќата. Причината за експлозија сеуште не била позната. Владата на Нов Зеланд ветила секаква помош во спасувачката акција. Ќе се истражуваат причините што довеле за трагедијата.
Извор: Нетпрес www.netpress.com.mk