Бројот на жртви на епидемијата на колера на Хаити надмина 500, соопшти министерството за здравство на оваа средноамериканска островска земја во Карипското море. Последните два дена починале уште 59 луѓе, додека заразени се 617, се наведува во соопштението. Во ураганот кој го зафати западниот дел на оваа земја, животот го изгубија осум лица, а 35.000 останаа без покрив над глава. Хаити на 12 јануари оваа година ја погоди катастрофален земјотрес во кој настрадаа повеќе од 250.000 луѓе.