16 септември, 2019

Радио

Јагнешкиот бут внимателно одвоете го од коските,а подебелите краеви внимателно засечете ги за да добете голема шницла.Површината на месото истријте ја со вегета,рузмарин и згмечен лук. Потоа испрскајте го со сок од лимон и преку се наредете ја тенко исечената пршута. Формирајте ролат, убаво заврзете го со готварски конец и однадвор малку посолете го. Вака приготвениот ролат запржете го во тавче од сите страни, заедно со зеленчукот. Потоа ролатот извадете го од тавчето и ставете го во соодветна тепсија заедно со зеленчукот, налејте малку вода, покријте го со алуминиумска фолија и ставете го да се пече на 200 степени околу 45 минути. Компирите излупете ги и кусо околу 5 минути варете ги и потоа исцедете ги. Отстранете ја фолијата од ролатот, додадете ги компирите, измешајте ги со зеленчукот и ставете да се пече уште 20-25 минути. Од печениот јагнешки ролат отстранете го конецот кусо оставете да се излади и потоа исечете го на кришки.
2 кг јагнешко месо
2 лажички рузмарин
50 мл масло
3 чешниња лук
2 лажици сок од лимон
50 гр пршута(тенко исечена)
1 лажица вегета
1 кг помали компири
150 гр моркови
100 гр корен од целер
100 гр магдонос
Совет: Се служи со зеленчук и зелена салата.
Време на подготовка: околу 2 часа.

Остави коментар

Почетна // Рецепти // Ароматичен ролат од јагнешко
Горе