17 септември, 2019

Радио

Пенасто се мати путерот со шеќерот и жолчките. Во изедначената смеса се додава изренданото чоколадо и брашното. На крајот, во смесата се додава изматениот снег од белки.
Смесата се става во тава и се пече на умерена температура. Откако ќе се излади се премачкува со чоколадна глазура.
Изладениот колач се сече на коцки.
300 гр путер
300 гр шеќер
160 гр рендано чоколадо
160 гр брашно
6 јајаца
1 чоколадо за готвење

Остави коментар

Почетна // Рецепти // Коцки од чоколадо
Горе