Студентска торта

25 септември, 20100
easycake

Тесто: Пенасто се матат жолчките со шеќерот, се додаваат мелените ореви помешани со исчистеното суво грозје и изренданата кора од лимонот. Добро изматеното тесто се става во калап за печење претходно намачкан со путер и посипан со брашно. Се става да се пече на 180 степени, 20-25 минути. Од белките и шеќерот измешан со ванила (се додава лажица по лажица) се мати цврст снег и со него се премачкува целата торта.
Одозгора може да се украси со суво грозје.
8 јајца
200гр шеќер во прав
200гр ореви
120гр суво грозје
Изрендана кора од еден лимон
8 лажици шеќер во прав
1 ванилин шеќер

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *