Заводникот Џулијан Асанж, за време на кратката посета на Шведска, спиел со три девојки. Третата, која досега не беше идентификувана, не го пријавила за сексуална злоупотреба. Асанж имал кратка афера и со трета девојка за време на неговата кратка посета на Шведска во август оваа година. Шефот на “Викиликс“ наводно ја завел девојката пред очите на еден американски новинар со кој бил на вечера во ресторан во Стокхолм. Тој го игнорирал својот пријател новинар цела вечер, за на крај да замине од ресторанот држејќи ја за рака девојката. Асанж во петокот беше пуштен да се брани од слобода откако му беше одредена кауција. Шведска го бараше Асанж поради наводна сексуална злоупотреба на две девојки. Асанж и по излегувањето од притвор, не планирал да престане со објавување на доверливи документи на својата веб страна “Викиликс“, а САД и понатаму бара начин да го спречи тоа.
Извор: Нетпрес