Лекарски тим од Израел и една медицинска сестра случајно ја запалиле една трудница која требала да се породи со царски рез. За настанот кој се случил во операционата сала во болницата во Тел Авив во 2008 година, се дознало после истрагата на израелското министерство за здравство. Медицинските сестри пред царскиот рез, ја исчистиле жената со алкохол, но кога влегле во операционата сала, докторот побарал од нив да ја повторат процедурата. Електричниот дел фрлил искра и ја запалил трудницата. Откако ја изгаснале трудницата која ја зафатил пламен, лекарите и сестрите продолжиле со породувањето и на свет донеле здраво бебе. Мајката имала течки опекотини, поради кои и била пресадена кожа на стомакот и бедрата. Во истрагата е откриено дека за пожарот се виновни лекарите и медицинските сестри.