Бензема на мета на Тотенхем

22 ноември, 20100

Неколку различни медиуми, а меѓу нив и шпанска “Марка”, пишуваат за желбата на Тотенхем веќе во јануари во своите редови од Реал МАдрид да го доведат францускиот репрезентативен напаѓач Карим Бензема (22). Менаџерот Хари Реднап признал дека сака да го засили тимот во јануарскиот преоден рок, иако не споменал ниту едно поединечно име. Кога е во прашање Бензема, игракот кој во Реал се пресели од Лион летото 2009. година, него договор со “кралскиот клуб” го врзува до летото 2015. година, па е сосема јасно дека Спарси ќе мора да издвојат значајна сума за негова отштета, дури и ако Реал би одлучил да го пушти. Во медиумите се споемнуваат уште двајца играчи кои се на радарот на Тотенхем, двајцата се од Њукасл. Станува збор за 24-годишниот шпански дефанзивец Хозе Енрике и неговиот 27-годишен колега во одбранбената линија на Њукасл Мајк Вилиамсон.
“Сакаме да го засилиме тимот и да доведеме нови играчи. Мислам дека тимот на Тотенхем следните години може да ја освои титулата првак на Англија. Никаде не пишува дека првенството секогаш мора да го освојуваат Челзи, Манчестер Јунајтед, Арсенал или Ливерпул. Зошто не би можел и некој друг да стане првак? Ако Сандерленд може на гости да го победи Челзи со 3-0, значи дека секој може да победи секого. Со сигурност Манчестер Сити во иднина ќе биде шампион на Англија. Сигурен сум во тоа. Не ледам зошто и Тотенхем да не може да се бори за титулата.” – вели Реднап.
“Кога тоа го велам, јасно ми е дека врз себе си ставам дополнителен товар. Но, ние во клубот имамем одлични играчи како Модрич, Ван дер Варт или Бејл, па зошто тогаш и да не триумфираме?”- завршил со прашање кон самиот себе си Реднап.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *