Косово прво во ОН, па во ФИФА

11 ноември, 20100

Желбата на фудбалската федерација на Косово да стане дел од квалификациите на наредното Светско фудбалско првенство не се исполни. Секретарот на ФИФА Жером Валцке, изјави дека „Косово ќе стане дел од ФИФА дури тогаш кога ќе го признаат повеќето членки на ОН“. За репрезентацијата на Косово да може да настапи на квалификациите, таа мора прво да стане членка на ФИФА, а пото и на УЕФА, која, пак, дури во 2012 би можела да го верификува членството. А тогаш веќе ќе биде доцна за почеток на квалификации за Светското првенство што во 2014 ќе се одржи во Бразил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *