Прв пораз за Лејкерси
11 ноември, 20100
Серијата од осум последователни победи за шампионите во НБА лигата ЛА Лејкерс синоќа заврши, тие го загубија мечот против Денвер со 118-112. Лејкерски сепак остануваат најуспешни на западот. Бостон победи на гостувањето кај големиот ривал од источната конференција, Мајами и со тоа го зацврсти водечкото место на истокот. Резултатот на крајот беше 107-112. Натпреварот Чикаго – Голден Стејт заврши со резултат од 120-90.