Роналдо: Не ловам рекорди и не ме интересираат лични награди

21 ноември, 20100

“Тоа што постигнувам погодоци е добро за Реа, а тимот ми е пред се. Дел сум од тимот, така се чувствувам и така се однесувам” – изјавила ѕвездата на Реал. Роналдо тврди дека се ставил во функција на тимот. Пред неколку сезони Роналдо оставаше дојам дека го интересира само лична промоција. Во изјавите беше горд сам на себе, не ширејќи го бројот на симпатизери околу себе. Со годините водачот на мадридски Реал на тревникот очигледно се менува, а во полза на тоа одат и изјавите по саботниот меч во Примера во кој Реал како домаќин го победи Атлетик Билбао со 5-1. Роналдо на тој натпревар зад своето име запиша хет трик. “Не бркам никакви рекорди, ниту ме интересираат лични рекорди и награди. Тоа што постигнувам погодоци е добро за Реал, а тимот ми е пред се. Дел сум од тимот, така се чувствувам и се однесувам” – реко Кристијано Роналдо, кој со 14 погоди е прв стрелец во Примера. Постигна еден погодок повеќе од големиот ривал од Барселона, Лео Меси. Следниот понеделник на програмата е “ел класико”, дербито меѓу Барселона и Реал на “Камп Ноу”, а за тоа Португалецот кратко изјавил: “Нивните осум погодоци против алмерија не се податок од кој ме фаќа страв. Ние не сме Алемрија, туку тим кој ќе им се спротистави на вистински начин. Единствено и исклучиво ме интересира освојувањето на Примера и сите сме подредени на таа цел.” – завршил Португалецот.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *