Почина македонската пливачка легенда Атина Бојаџи

28 декември, 20100
Atina_Bojadzi

Ненадејно, на 69-годишна возраст во Скопје почина легендата на македонското пливање Атина Бојаџи. Родена е во Охрид на 13 март 1944 година. Уште на 11- годишна возраст успева да ги собори сите македонски рекорди во пливање на кратки патеки во слободен и делфин стил. Таа беше светски шампион во маратонско пливање на слатки води на Охридскиот маратон одржан во 1962 година. Вкупно, двапати беше светски првак на слатки води, првиот пат само со 18 години со што до денес останува најмладиот шампион на Охридскиот пливачки маратон на сите времиња. Во 1962 година со испливување на патеката Капри – Наполи станува светски првак на солени води.
Врв на нејзината пливачка кариера е препливувањето на Ла Манш на 9 септември 1969 година (на истиот ден десет години порано и Нико Нестор го препливува Ла Манш) и со тоа станува првата жена која го остварила овој успех. Во 1975 година во чест на овој подвиг на Атина Бојаџи снимен е филмот “Исправи се, Делфина“ на Александар Ѓурчинов, со Неда Арнериќ во главната улога. Самата Бојаџи е еден од соработниците на филмот. Пливачката кариера подоцна ја заменува со тренерска, најнапред во белградскиот клуб “Црвена звезда“, а потоа и во спортски центар во Лос Анџелес, САД.
Во 1998 година Македонскиот олимписки комитет ја овенчува со признанието великан на македонскиот спорт, а во 2000 година “Утрински Весник“ ја прогласува за спортист на векот.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *