“Телеграф“: Кина се подготвува за војна на сите фронтови

29 декември, 20100
china_big

Кина има намера да се подготви за војна на сите фронтови, пишува британскиот весник “Дејли Телеграф“. Кинескиот министер за одбрана Лијанг Гуанглие во експозе нагласил дека во наредните пет години Кина ќе ги забрза подготовките за воен судир во сите стратешки правци. Според оценките на весникот, тоа ќе фрли сенка на посетата на неговиот американски колега Роберт Гејтс, планирана за јануари следната година.
Брзината и обемот на модернизација на кинеската армија предизвикува загриженост кај многу соседни земји, вклучувајќи ја и Јапонија, која тврди дека тоа е глобален проблем. Аналитичарите, меѓутоа, не се согласуваат околу прашањата дали Кина на тој начин поттикнува трка во вооружувањето во Азија. “Дури и да се земат предвид воените вложувања, кои кинеските власти не ги објавуваат во јавноста, кинескиот буџет за одбрана и понатаму е шестпати помал од американскиот, што изнесува 663 милијарди долари годишно“, нагласува “Дејли Телеграф“.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *