15 години од атентатот врз Глигоров

29 септември, 2010

И покрај поминатите 15 години, случајот за атентат врз тогашниот претседател Киро Глигоров, останува неразјаснет. Немањето темелна истрага, одбивањето за создавање анкетна комисија, недостиг на информации, се дел од причините за нерасветлување на овој случај. Денес во Скопје беше одржана научно – стручна дебата “15 години од атентатот врз претседателот Глигоров – мистерија или настан ад акта”. Стојан Андов изјави дека истрагата била Јалова и нетемелна, а почесниот претседател на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски верува дека извршителите на ова дело се во Македонија.