222 милијарди долари изгубил светот од катастрофи

30 ноември, 20100

Светот претрпел штета од 222 милијарди долари поради природните катастрофи и оние предизвикани од човекот. Економските загуби биле за три пати повисоки во однос на минатата година. Покрај тоа годинешниве природни катастрофи земале и 260.000 човечки животи, од нив 222 илјади страдале во разорниот земјотрес во Хаити. Жешкиот бран исто така, однел 15.000 жртви во Русија, Кина и Пакистан 6.225 од поплавите, проценила во вторник најголемата реосигурителна компанија “Свис Ре“. И покрај големите економски загуби, трошоците за осигурување пораснале само за 34 отсто во однос на ланската година, на 36 милијарди долари. Како причина за ова од компанијата навеле дека најразорните катастрофи се случиле во региони малку покриени со осигурување.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi